Образование во Авганистан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Образованието во Авганистан вклучува дванаесетгодишно образование (К-12) и високо образование, кое е под надзор на Министерството за образование и Министерството за високо образование во Кабул, Авганистан.[1] Авганистан поминува низ процес на обнова на целата територија на земјата. И покрај назадувањата, институциите се основани низ целата земја. До 2013 година имало 10,5 милиони ученици кои посетувале училишта во Авганистан,[2] земја со население од околу 35,5 милиони луѓе.[3]