Општина Другово
From Wikipedia, the free encyclopedia
Општина Другово — поранешна општина во Западна Македонија. Центар на општината било селото Другово. Општината била создадена со територијалната поделба од 2004 г., а престанала да постои согласно предлог-измените за територијална поделба од 2013 година, кога била припоена кон Општина Кичево, заедно со општините Зајас, Вранештица и Осломеј[1] со воспоставување на новата локална власт по изборите на 24 март 2013.
Општина Другово денес дел од Општина Кичево | |
Местоположба на поранешната Општина Другово. | |
Знаме | Грб |
Општи податоци | |
Седиште | Другово |
Регион | Југозападен |
Површина | 383,24 км2 |
Основана | 2004 |
Службен јазик | македонски |
Демографија | |
Население | 3.249 жит. |
- проценка од 31.12.2011 | 2.979 жит. |
Густина | 8,48 жит./км2 |
Населени места | 28
|
Народности | Македонци |
Самоуправа | |
Градоначалник | Добре Никоски (последен градоначалник) |
Совет | 9 члена |
Контактни податоци | |
Мреж. место | Службен портал |
Територијата на Општина Другово е дел од Југозападниот Регион. Општината се граничела со: Општина Дебрца (порано Општина Белчишта) и Општина Демир Хисар (порано Општина Сопотница) на југ, Општина Дебар и Општина Маврово и Ростуше (порано Општина Ростуша) на запад, Општина Кичево и Општина Зајас на север и Општина Пласница и Општина Крушево на исток.