Општина Зајас
поранешна општина во западна Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Општина Зајас — поранешна општина во Западна Македонија. Центар на општината било селото Зајас. Општината била создадена со територијалната поделба од 2004 г., а престанала да постои согласно предлог-измените за територијална поделба од 2013 година, кога била припоена кон Општина Кичево, заедно со општините Осломеј, Другово и Вранештица[1] со воспоставување на новата локална власт по изборите на 24 март 2013.
Општина Зајас денес дел од Општина Кичево | |
Местоположба на поранешната Општина Зајас. | |
Знаме | Грб |
Општи податоци | |
Седиште | Зајас |
Регион | Југозападен |
Површина | 161,08 км2 |
Основана | 2004 |
Службен јазик | македонски и албански |
Демографија | |
Население | 11.605 жит. |
Густина | 72,04 жит./км2 |
Населени места | |
Народности | Македонци и Албанци |
Самоуправа | |
Градоначалник | Бесим Велиу (последен градоначалник) |
Совет | 15 члена |
Контактни податоци |
Територијата на Општина Зајас е дел од Југозападниот Регион. Општината се граничела со: Општина Другово и Општина Кичево на југ, Општина Маврово и Ростуше (порано Општина Маврови Анови и Општина Ростуша) на запад, Општина Гостивар (порано Општина Србиново и Општина Долна Бањица) на север и Општина Осломеј на исток.