Општина Осломеј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Општина Осломеј — поранешна општина во Западна Македонија. Центар на општината било селото Осломеј. Општината била создадена со територијалната поделба од 2004 година, а престанала да постои согласно предлог-измените за територијална поделба од 2013 година, кога била припоена кон Општина Кичево, заедно со општините Зајас, Другово и Вранештица[1] со воспоставување на новата локална власт по изборите на 24 март 2013 г.
Општина Осломеј денес дел од Општина Кичево | |
Местоположба на поранешната Општина Осломеј. | |
Знаме | Грб |
Општи податоци | |
Седиште | Осломеј |
Регион | Југозападен |
Површина | 121,09 км2 |
Основана | 2004 |
Службен јазик | македонски и албански |
Демографија | |
Население | 10.425 жит. |
- проценка од 31.12.2011 | 10.580 жит. |
Густина | 86,05 жит./км2 |
Населени места | |
Народности | Македонци и Албанци |
Самоуправа | |
Градоначалник | Фатмир Дехари (последен) |
Совет | 15 члена |
Контактни податоци |
Територијата на Општина Осломеј е дел од Југозападниот Регион. Општината се граничела со: Општина Кичево и Општина Вранештица на југ, Општина Зајас на запад, Општина Гостивар (порано Општина Србиново) на север и Општина Македонски Брод (порано Општина Самоков) на исток.