Ојбин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ојбин (германски: Oybin) — општина во округот Герлиц, во Саксонија, Германија, која се наоѓа многу блиску до границата со Чешка.
Ојбин | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Герлиц |
Општ. заед. | Олберсдорф |
Месни единици | 4 |
Градоначалник | Ханс-Јирген Гот (Die Linke) |
Основни податоци | |
Површина | 18 км2 |
Надм. височина | 389 м |
Население | 1.324 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 74 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | GR |
Пошт. бр. | 02797 |
Повик. бр. | 035844 |
Портал | www.oybin.com |
Местоположба на Ојбин во рамките на округот Герлиц | |
Координати | 50°50′32″N 14°44′34″E |
По поразот на протестантските армии од Хабсбурзите во Битката кај Белата Планина во 1620, многу протестантски Чеси нашле свое прибежиште близу до границата во ридовите на Горна Лужица. Ојбин е „Kurort“, бања или одморалиште одобрено од државата, каде луѓето доаѓаат за одмор или лекување. Најмногу е познат по истоимениот рид, кој се наоѓа на природен песочник над градот. Урнатините на средновековниот манастир нуди дива романтична убавина и бил омилена цел на романескните сликари од 19-от век, како што се Каспар Давид Фридрих. Многу бизарни обликувани геолошки карпи можат да се најдат во околината. Сценската железничка линија на тесен колосек Цитау-Ојбин-Јонсдорф води од Ојбин до соседната општина Јонсдорф и градот Цитау. Градот има три окрузи, Ојбин, Хајн и Ликендорф.
- Општинско собрание во Ојбин
- Црква во Ојбин
- Фахверк куќа
- Хотел „Алманка“