Пак Чон Хи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пак Чон Хи (корејски: 박정희; 30 септември 1917 - 26 октомври 1979 ) — генерал и претседател на Јужна Кореја. Организирал и предводел државен удар со кој ја освоил власта во Јужна Кореја. Најпрво владеел преку воената хунта наречена Врховен совет за национална обнова, а во 1963 година победил на претседателските избори (со што била создадена Третата република). Бил реизбран за претседател во 1967, 1971, 1972 (кога била основана Четвртата република преку уставот Јушин, создаден за да му овозможи Чон Хи да остане на власт), и 1978 година.
Пак Чон Хи | |
---|---|
Претседател на Јужна Кореја | |
На должноста 24 март 1962 – 26 октомври 1979 | |
Претходник | Јун По |
Наследник | Чои Кју |
Претседател на Врховниот совет за национална обнова | |
На должноста 3 јули 1961 – 17 декември 1963 | |
Претходник | Чанг До |
Наследник | укината |
Лични податоци | |
Роден(а) | 박정희 朴正熙 30 септември 1917 Гуми, Јужна Кореја |
Починал(а) | 26 октомври 1979 Сеул, Јужна Кореја |
Националност | Кореец |
Сопружник | Ким Хо Нам Јук Јанг (1925-1974) |
Деца | Пак Геун Пак Сео Пак Ји |
Установа | Национална академија Кјунгпоок Империјална јапонска воена академија Корејска воена академија |
Занимање | политичар |
Професија | војник |
Вероисповед | Будист |
Потпис | |
Воена служба | |
Прекар | Парков [1] |
Припадност | Империјална армија на Манџоу-Го Квантунгшка армија Армија на Република Кореја |
Траење | 1942 - 1963 |
Чин | генерал |
Битки/војни | Втора светска војна Корејска војна Виетнамска војна |
Пак е заслужен за брзиот економски раст на Јужна Кореја преку извозно ориентираната индустријализација [2]. Меѓутоа, тој е контроверзна политичка личност во историјата на Јужна Кореја, поради својот авторитарен начин на владеење со земјата, особено по 1971 година. Во 1999 година, од страна на магазинот Time Пак Чон Хи бил рангиран меѓу стоте највлијателни „Азијци на векот“[3].
На 26 октомври 1979 година, врз него бил извршен успешен атентат[4]. Чон Хи бил убиен од страна на Ким Jae Кју (1926-1980), стар пријател на Чон Хи и директот на Корејска централна разузнавачка агенција. Постои поделеност околу неговото наследство, од една страна се истакнува неговата улога во обновата на Јужна Кореја по катастрофалната Корејска војна, а од друга страна се осудува неговиот авторитаризам, особено силен по 1971 година.