Парк Бом
From Wikipedia, the free encyclopedia
Парк Бом (родена на 24 март 1984 година), претходно едноставно позната како Бом, е јужнокорејска пејачка. Таа е најпозната како член на јужнокорејската женска група 2NE1.
Парк Бом | |
---|---|
박봄 | |
Парк во март 2020 | |
Роден(а) | Парк Бом 24 март 1984(1984-03-24) (39 г.) Сеул, Јужна Кореја |
Занимање | пејач |
Парк својата музичка кариера ја започнала во 2006 година, настапувајќи на синглови објавени од музичари кои биле во истата издавачка куќа со неа: Биг Бенг, Лекси и Маста Ву. Во 2009 година, таа го направила своето деби како член на 2NE1 како главен вокал. Парк објавила два самостојни синглови, „You and I“ и „Don't Cry“, кои достигнале број еден на Гаонската дигитална табела, националната музичка листа во Јужна Кореја.[1] Таа била наградена за Најдобар дигитален сингл на Азиските музички награди Мнет во 2010 година.
По растурањето на 2NE1 во 2016 година, Парк ја напуштила агенцијата на својата група, YG Entertainment, во ноември 2016 година. Во јули 2018 година, таа потпишала со D-Nation Entertainment и го објавила својот кам-бек сингл „Spring“, во март 2019 година.