Петар Велики
From Wikipedia, the free encyclopedia
Петар I Алексеевич или Петар Велики (руски: Пётр I Алексеевич; Пётр Великий; Москва, 9 јуни 1672 — Санкт Петербург, 8 февруари 1725 според грегоријанскиот календар, или 30 мај 1672 — 28 јануари 1725 според јулијанскиот календар) — цар на Русија кој владеел со неа од 7 мај (27 април според јулијанскиот календар) 1682, па сѐ до својата смрт во 1725.
Петар Велики | |||||
---|---|---|---|---|---|
Цар на Русија | |||||
Петар Велики | |||||
На престол | 7 мај 1682 — 8 февруари 1725 | ||||
Крунисување | 25 јуни 1682 | ||||
Претходник | Фјодор III | ||||
Наследник | Екатерина I | ||||
Жена |
| ||||
| |||||
Династија | Романови |
На престолот дошол по многу дворски интриги и завери. На почетокот владеел заедно со својот слаб и болен полубрат Иван V, кој умрел во 1696. По Ивановата смрт, кога станал цар на Русија, Петар немилосрдно ги задушил сите отпори против него, па дури и во неговото семејство.[1].
Петар владеел сам до 1724 година, а потоа владеел заедно со својата сопруга Екатерина I. Тој бил модернизатор на заостанатата феудална Русија на воен и економски план, а во исто време водел и експанзионистичка политика, главно кон земјите кои излегувале на море. За време на своето владеење, Петар ја претворил Русија во водечка европска сила во тоа време[1]. Ја одбил титулата цар во 1721 и ја заменил со титулата „император“