Пет Бенатар
американска пејачка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Патриша Меј Жиралдо (моминско: Анджејевски; порано Бенатар; родена на 10 јануари 1953) ― американска рок-пејачка. Четири пати добила Греми награда, а во ноември 2022 година била примена во Куќата на славните на рокенролот.
Пет Бенатар | |
---|---|
Бенатар настапува во 2007 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Патриша Меј Анджејевски |
Роден(а) | 10 јануари 1953(1953-01-10) (71 г.) Њујорк, САД |
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1972–денес |
Издавачи |
|
На музичката сцена се пробила со нејзиниот прв албум од 1979 година, In the Heat of the Night. Две песни од албумот станале хитови: „Heartbreaker“ и „We Live for Love“; втората песна била напишана од нејзиниот главен гитарист и иден сопруг, Нил Жиралдо. Нејзиниот втор албум, Crimes of Passion (1980), се смета за нејзино најуспешно дело. Песната „Hit Me with Your Best Shot“ се пласирала во топ-10 во САД и Канада и се смета за нејзина најпозната песна. Нејзиниот трет албум, Precious Time (1981), исто така бил успешен; бил на врвот на американската листа за албуми и станал нејзин прв топ-10 албум во Австралија. Песната „Fire and Ice“ котирала високо на топ-листите во САД и Канада. Нејзиниот следен албум, Get Nervous (1982), бил помалку успешен за разлика од нејзините претходни два албума.
Во 1983 година го променила музичкиот стил кон поп-музиката. Песната „Love Is a Battlefield“ (1983) била нејзин најголем хит во повеќето земји, и се искачила на прво место во Холандија, Австралија и на американската топ-листа за рок песни. Албумот во живо, Live from Earth, бил нејзин најпродаван албум во Австралија, Германија и Холандија. Во 1984 година, го издала Tropico со водечкиот сингл „We Belong“, кој стигнал до топ-10 во неколку земји.
Од 1985 до 2003 година објавила уште 7 други албуми.