Пирамида на Сенусрет III
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пирамидата на Сенусрет III (Лепсиус XLVII) ― староегипетска пирамида сместена во Дахшур и изградена за фараонот Сенусрет III од 12-та династија (19 век пр.н.е.).
Кратки факти , 12. династија, Координати ...
Пирамидата на Сенусрет III во 1890тите | |
Сенусрет III, 12. династија | |
Координати | 29°49′8″N 31°13′32″E |
Изградба | 19 век п.н.е. |
Тип | Разурната пирамида |
Материјал | Ќерпич (јадро) варовнички блокови |
Висина | 78 м |
Основа | 105 м |
Волумен | 288,488 м3 |
Наклон | 56° 18' 35" |
Затвори
Пирамидата е најсеверната меѓу оние на Дахшур и стои околу 1,5 километри североисточно од Црвената пирамида на Снофру. Подигната е на израмнето тло и составена од ќерпич, покриено со обвивка од бели варовнички блокови, кои се потпираат на темелите. Првпат била ископана во 1894 година од францускиот египтолог Жак де Морган, кој успеал да стигне до гробницата откако открил тунел ископан од стари разбојници на гробници.[1] Неодамнешната кампања ја водел Дитер Арнолд во текот на 1990-тите.