Померанија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Померанија (Поморје) — историски регион на јужниот брег на Балтичкото Море во Средна Европа, поделен помеѓу Германија и Полска.
Името потекнува од западнословенскиот збор „по морже“ што значи област која е поморска, т.е. приморска. Померанија се протега од реките Требел и Рекниц на запад до Висла на исток.
Најголемите острови на Померија се Риген, Уземан/Узнам и Волин. Најголемиот град на Померанија е Гдањск или, кога се користи потесна дефиниција на регионот — Шчеќин. Померанија се одликува со обработливо земјиште, преполно е со езера, шуми и градови. Регионот бил силно погоден од војните, Првата и Втората светска војна, при што поголемиот дел од нејзините предвоени жители заминале или биле протерани по 1945 година.