Поток
From Wikipedia, the free encyclopedia
Поток — водна површина [1] која тече по свое корито и е помала и покуса од река.[2]
Потоците имаат големо значење во кружењето на водата, полнењето на подземните води и како минувалиште за преселбата на рибите и животните. Биолошкото живеалиште по текот на потокот се нарекува „крајречна зона“. Ваквите зони се важен поврзувач на расцепените живеалишта, и со тоа ја одржуваат и зачувуваат биоразновидноста. Дисциплината што ги изучува потоците и водните патишта се нарекува „површинска хидрологија“ и претставува основа на еколошката географија.[3]