Принс
американски музичар (1958-2016) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Принс Роџерс Нелсон (англиски: Prince Rogers Nelson; 7 јуни 1958 ― 21 април 2016) естрадно познат како Принс (англиски: Prince) ― американски пејач, текстописец, музичар, продуцент, танчар и глумец. Се смета за еден од најголемите музичари од неговата генерација.[1] Познат бил по неговата изразена андрогинска личност;[2] [3] неговиот широк гласовен опсег и неговата вештина како мултиинструменталист.[4] Неговата музика опфаќа најразлични стилови, како: фанк, R&B, рок, њу вејв, соул, синт-поп, поп, џез, блуз и хип-хоп. Принс сам си ги продуцирал своите албуми и бил зачетник на звукот од Минеаполис.
Принс | |
---|---|
Принс во 1981 | |
Роден(а) | Принс Роџерс Нелсон јуни 7, 1958(1958-06-07) Минеаполис, Минесота, САД |
Починал(а) | април 21, 2016(2016-04-21) (возр. 57) Ченхасен, Минесота, САД |
Причина за смрт | Случајно предозирање со фентанил |
Други имиња |
|
Занимање |
|
Активен период | 1975–2016 |
Сопружник |
|
Деца | 1 |
Страница prince.com |
Принс е роден во Минеаполис, а на 19-годишна возраст потпишал рекорден договор со Warner Bros. Records. Наскоро ги објавил албумите For You (1978) и Prince (1979). Добил пофалби од критиката и за неговите следни и влијателни албуми: Dirty Mind (1980), Controversy (1981) и 1999 (1982). Неговиот шести албум, Purple Rain (1984) бил и саундтрак на филмот Пурпурен дожд во кој Принс бил во главна улога. Purple Rain поминал шест последователни месеци на врвот на Билборд 200 и бил голем комерцијален успех за Принс.[5] За саундтракот Принс освоил Оскар за најдобра оригинална песна, а филмот заработил 70,3 милиони долари, наспроти буџетот од 7,2 милиони долари. Стручните списанија и критичарите го сметаат Purple Rain за еден од најдобрите музички филмови.[6] [7] Во 1987 Принс го објавил албумот Sign o' the Times, кое критичарите го сметаат за негово најдобро дело во кариерата.
Принс, за време на неговиот живот, продал преку 100 милиони плочи ширум светот и со тоа е меѓу најпродаваните музичари на сите времиња.[8] Ги освоил наградите: Греми, Претседателска награда за заслуги, Награда за достигнување и заслуги од Американските музички награди, Награда икона на Билборд, Оскар и Награда „Златен глобус“. Во 2004 година бил примен во Куќата на славата на рокенролот, во 2006 година во Куќата на славата на британската музика, во 2016 година во куќата на славата на ритам и блуз музиката, а во 2022 година двапати бил примен во Булеварот на славата на црната музика и забава.[9][10] Се проценува дека вкупниот број на песни кои ги напишал Принс се движи од 500 до преку илјада,[11] а некои од нив станале популарни откако биле преработени од други музичари; најпознати меѓу нив се "Nothing Compares 2 U" од Шинид Оконор и "Manic Monday" од the Bangles.[12]