Пјер Огист Реноар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пјер Огист Реноар (француски: [Pierre-Auguste Renoir] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help); Лимож, 25 февруари 1841 - Кан, 17 декември 1919) — еден од најпознатите француски сликари. Припаѓа на школата на импресионизмот, но доста брзо се одвоил од неа во 1880. Позаинтересиран за портретите и за актите отколку за пејзажите, има свој карактеристичен начин на сликање, кој ги надминува првенствените влијанија (Фрагонар, Курбе, Моне, италијанското фреско сликарство). Во тек на шеесет години насликал повеќе од шест илјади слики, со што го надминува Пикасо.
Пјер Огист Реноар Pierre-Auguste Renoir | |
---|---|
Огист Реноар | |
Националност | Французин |
Познат(а) по | сликар |
Правец | импресионизам |
Награди | Легија на честа |
Развил сопствен израз карактеристичен по светлорозовите и модри тонови. Во последниот период од своето творештво се занимавал и со вајарство. Најпознати негови слики се „Капачки“, „Мулен“ и „Лука“. Со своите слики првпат се појави на изложбата на импресионистите во Париз, во 1874 година.
Во музеите Мармотан-Моне и Ермитаж се изложени некои од делата од Пјер-Огист Реноар.
Славејќи ја убавината, а посебно женската сензибилност, се вели дека "Реноар е последниот претставник на традицијата, која тече директно од Рубенс до Вато".[1]