Рамзес II
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рамзес II (староегипетски: rꜥ-ms-sw; ~ 1303 г. п.н.е. — јули или август 1213 г. п.н.е. ), наречен и Рамзес Велики — третиот египетски фараон од XIX династија, кој владеел од 1279 г. п.н.е. па сè до 1213 г. п.н.е. Често се смета за најголемиот, најпознатиот и најмоќниот фараон на египетската империја. Неговите наследници, кои подоцна станале Еѓипќани го нарекувале , , Големиот предок”. Рамзес II предводел неколку воени експедиции во Левант со цел повторно да ја наметне египетската контрола врз Ханаан. Тој, исто така , предводел експедиции на југ, во Нубија, кои се впишани во натписите во Беит Ел-Вали и Герф Хусеин.
На 14-годишна возраст, Рамзес бил назначен како принц-регент од страна на неговиот татко Сети I. Според современите историски записи и на Манетон и на Египет, се верува дека тој стапил на престолот за време на неговите доцни тинејџерски години и познато е дека владеел со Египет од 1279 г. п.н.е. до 1213 г. п. н. е, односно 66 години и 2 месеца. За него, еднаш било речено дека живеел 99 години, но поверојатно е дека умрел на 90 или 91 година. Ако тој станал фараон во 1279 г. п.н.е. , како што денес веруваат повеќето египтолози, тој ќе го преземал престолот на 31 мај, 1279 г. п.н.е. , врз основа на познатиот датум на стапување на престолот на 27-от ден од третата последна сезона од египетскиот календар(на египетски: шему). За време на неговото владеење, Рамзес прославил 14 хеб-сед фестивали (првиот се одржувал по триесет години од владеењето на фараонот, а потоа на секои три години), повеќе од кој било друг фараон. По неговата смрт, тој бил погребан во гробница во Долината на кралевите. Подоцна , неговото тело било преместено во кралското почивалиште каде што било откриено во 1881 година, а сега е изложено во музејот во Каиро.
На почетокот на неговото владеење тој бил заинтересиран за градење на градови, храмови и споменици. Тој го основал градот Пер-Рамзес во делтата на реката Нил и го поставил како престолнина и главна база за неговите походи во Сирија. Овој град бил основан врз остатоците од градот Аварис, тогашниот главен град на Хиксите кога тие го презеле, и во овој град се наоѓал главниот храм на богот Сет. Во грчките извори, тој е познат и како Озимандија, од транслитерација на грчки на дел од престолното име на Рамзес, Usermaatre Setepenre, силната вистина (маат) на Ра, изберено од Ра”.