Република Алтај
From Wikipedia, the free encyclopedia
Алтај (рус. Республика Алтай) е автономна република во составот на Руската Федерација. Има површина од 92.600 км2. Има 202.947 жители. Се наоѓа во самиот центар на Азија, каде се спојуваат руската тајга, степите на Казахстан и полупустините на Монголија. Главен град е Горно Алтајск.
- Ова е статија за руска република. За други значења, погл. Алтај (појаснување).
Республика Алтай Алтай Республика Република Алтај
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Држава: | Русија | ||||
Федерален округ: | Сибирски | ||||
Површина: | 92.600 км2 | ||||
Население: | 202.947 (2002.) | ||||
Главен град: | Горно Алтајск | ||||
Густина на населението: | 2,2 жит./км2 | ||||
химна: | Алтајски:Алтай Республиканыҥ Гимны |
Шумите покриваат 25% од територијата. Најголеми реки се Катун и Бија. Постојат повеќе од 7.000 езера со вкупна површина од 700 км2. Најголемо е езерото Телецкое, кое е долго 80 километри и 5 километри широко. Најголема длабочина на тоа езеро е 325 метри. Републиката се наоѓа точно внатре во планинскиот систем Алтај. Постојат минерални извори во планинитe Алтај. На Алтај се наоѓаат и многу ледници. Што се однесува на рудното богатство, Република Алтај располага со злато, сребро, литиум, железна руда. На пониските предели климата е умерено континентална.