Романтизмот во Франција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Романтизмот (Romantisme на француски) бил книжевно и уметничко движење што се појавило во Франција кон крајот на 18 век, главно како реакција против формалноста и строгите правила на официјалниот стил на неокласицизмот. Својот врв го достигнал во првиот дел на 19 век, во делата на Франсоа-Рене де Шатобријан и Виктор Иго, поезијата на Алфред де Вињи, сликите на Ежен Делакроа, музиката на Хектор Берлиоз, а подоцна и во архитектурата на Шарл Гарние. Почнувајќи од крајот на 19 век постепено бил заменет со движењата на ар нуво, реализмот и модернизмот.