Руска култура
From Wikipedia, the free encyclopedia
Руската култура е поврзана со земјата Русија, како и со етничките Руси кои живеат низ целиот свет. Руската култура има многу богата историја и истата може да се пофали со долгата традиција од аспект на уметноста,[1], литературата,[2], филозофијата, класичната музика,[3][4] балет,[5], архитектурата, сликарството, киното,[6] и анимацијата. Сите овие правци во текот на историјата имале значително големо влијание во светската култура.
Историјата и првите почетоци на руската култура започнале во времето на источните Словени, со своите пагански верувања и специфичен начин на живеење низ пределите на Источна Европа. Раната култура во Русија започнала или пак била под големо влијание на угрофински народи и племиња, номадите, туркиските народи и Понтиски-Касписките народи. Во текот на доцниот I милениум од новата ера, влијание врз руската култура извршиле и скандинавските Викинзи преку создавањето на Киевска Русија. Во времето на Киевска Русија, во 988 година овие простори биле христијанизирани кое довело паралелно доближување на културата на Византија и останатите словенски народи.[7] По падот на Цариград во 1453 година, Русија станала најголемата православна земја и нација во светот каде престолнината Москва честопати во христијанскиот православен свет се нарекувала Трет Рим. Во различни точки од својата историја, земјата исто така била под силно влијание од страна на европската култура, пред сè западната. Ова најмногу се однесува во времето на Петар Велики кој вовел големи реформи во руското општество кои во голема мера ги стекнал во своите посети на Западна Европа. Во текот на XX век, комунистичката идеологија дополнително ја офирмила културата на овие простори во составот на Советскиот Сојуз, во кој Руска СФСР била најголема водечка сила.
Денеска, руското културно наследство е рангирано на седмата позиција според Nation branding, врз основа на интервју на 20.000 луѓе главно од западните земји и земјите од Далечниот Исток. Руското општество во последните години сè повеќе настојува да се вклучи во модерната глобализација и меѓународниот туризам.