Рутенски лав
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рутенски лав (украински: Руський лев, полски: Lew ruski), украински лав, или галициски лав[1] ― златен лав на азурна позадина. Лавот бил прикажан на историскиот грб на Галициско-волинското Кнежевство, Рутенското Војводство и Западноукраинската Народна Република. За време на револуциите во Австриската Империја во 1848 година, тој станај еден од националните симболи на Украинците и на украинското националноослободително движење. Денес е прикажан на грбот на градот Лавов и неговата околна покраина, Лавовската Област.
Рутенски лав | |
---|---|
Варијанти | |
Галициско-волинско Кнежевство | |
Рутенско Војводство | |
Лавов | |
Подробно | |
Употреба |
Вообичаено, тој бил прикажан како крупен, поретко во од, крунисан, со сребрена или црвени оружја, потпирајќи се на златна или сребрени карпа. Најстарите слики се појавуваат на печатите на владетелите од XIV век - Јуриј I Галициски, Лав II Галициски, Јуриј II Болеслав, Владислав II Ополски. Во 15-ти и 16-ти век лавот бил присутен на големите печати на кралевите Владислав II Јагиело, Александар Јагиелон и Сигизмунд II Август како симбол на Русија (се мисли на источнословенските земји), заедно со полскиот орел, литванската пахонија и прускиот орел. Покраински бил користен како амблем на Лавовската Земја во облик на лав на карпа во 15 век. Во денешно време воглавно е користен како симбол на западноукраинските земји, особено во Лавов и околниот регион на Галиција. Тој бил прикажан со амблемите на украинските воени формации од дваесеттиот век - украинските сички пушкари (1914–1918) и 14-та СС-доброволна дивизија „Галиција“ (1943–1945). Бил користен како грб во полската хералдика, особено во Честохова и во Подкарпатското Војводство.