Селевкидски календар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Селевкидски календар — систем за броење на годините кој се користел во Селевкидското Царство и други земји меѓу старите македонски цивилизации. Понекогаш се нарекува „владеењето на Селевкидите,“ или пак годината на Александар. Оваа ера започнува со повторното освојување на Вавилон од Селевк I Победникот во 312/11 година п.н.е по неговото протерување во птоломејскиот Египет,[1] ден кој се сметал од страна на Селевк и неговиот двор за почеток на Селевкидското Царство. Според еврејската традиција, ова сметеање на времето започнало од шестата година од владеењето на Александар III Македонски.[2] Воведувањето на новата ера е споменато во еден од Вавилонските летописи, летописот за дијадосите.[3]
Селевкидските години се користеле на два различни начини:
- Домородното население го користело вавилонскиот календар, во кој новата година е на 1 Нисану (3 април 311 година п.н.е), па така во овој ситем првата година од селевкидката ера се совпаѓа со април 311 година п.н.е и март 310 година п.н.е. овде можат да се споменат и Евреите, кој го нарекувале Ера на договори. Се користел во историската книга на Евреите, сега девтероканонската 1 Макавејци, во 6:20, 7:1, 9:3, 10:1, итн.[4]
- Македонскиот двор го прифатил вавилонскиот календар (именувајќи ги со македонски имиња месеците) но новата година биле преместена во есен. Во овој систем 1 година е периодот од есента 312 година п.н.е до крајот на летото 311 година п.н.е. До седмиот век од новата ера/ со век по слевкидскиот календар, западните сириски христијани годината ја сметале од 1 октомври до 30 септември.[5] Евреите пак, секој почеток на селевкидската година го поврзувале си месечевиот месец Тишари.
Овие разлики на почетоците на годините заначело дека истите се разликувале. Според примерот на Бикерман:
- На пример, обновувањето на храмот во Ерусалим од страна на Јуда Макавејски, било околу 15 декември 164 година п.н.е, настанот пак бил во 148 година според еврејските и вавилонските пресметки, но за македонскиот двор настанот бил во 149 година.[6]
Селевкидската ера се користела до крајот на 6 век од новата ера, како на пример во записите на Зебедите во Сирија, од 24 Горпиај 823 гоодина (24 септември, 512 година),[7] а и во записите на Јован Ефески.[8] Сириските летописци продолжиле да го користат сè до Михаил Сириецот во 1100 година/ 1400 година според селевкидскиот календар.[5] Најден е на написите на надгробните спменици на Источната црква во Средна Азија кои се од 14 век од новата ера.[9]
Еврејско-вавилонскиот календар кој се користел од јеменските Евреи до современиот период, продолжил да се користи и при определени ритуали до ден денешен.[10]