Сиена
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сиена (италијански: Siena) — италијански град, сместен во регионот Тоскана, средишна Италија. Градот претставува главен град на покраината Сиена. Градот е познат по своето уметничко наследство како и по својот урбанистички средновековен стил.
Сиена | ||
---|---|---|
општина | ||
Città di Siena | ||
Поглед Пјаца дел Кампо (Плоштад Кампо), со кулата Манџа (Torre del Mangia) и Црквата Санта Марија | ||
Сиена во рамките на покраината Сиена и Тоскана | ||
Земја | Италија | |
Регион | Тоскана | |
Покраина | Сиена (SI) | |
Поделоци | Косталпино, Изола д’Арбија, Таверне д’Арбија, Сан Минијато, Вињано, Руфоло | |
Управа | ||
• Градоначалник | Бруно Валентини (PD) | |
Површина | ||
• Вкупна | 118 км2 (46 ми2) | |
Надм. вис. | &10000000000000322000000322 м | |
Население (30 ноември 2012[1]) | ||
• Вкупно | 52.774 | |
• Густина | 450/км2 (1,200/ми2) | |
Демоним | сиенчани | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Пошт. бр. | 53100, 53010 | |
Повик. бр. | 0577 | |
Светец-заштитник | Св. Ансан/ Амвросиј од Сиена | |
Слава | 1 декември/ 8 октомври | |
Мреж. место | Матична страница |
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | културно: i, ii, iv |
Навод | 717 |
Запис | 1995 (19. заседание) |
Овој град бил изграден како римска колонија во времето на царот Октавијан Август.
Сиена е позната по својата кујна, уметност, музеи, средновековниот изглед и натпреварот со коњи познат како Палио, кој се одржува двапати годишно, на 2 јули и 16 август. Се работи за коњска трка во која учествуваат по десет претставници од сиенските квартови или таканаречените контради (итал. contrade). Победничкиот кварт ја прославува победата со банкет до раните утрински часови.
Историскиот центар на Сиена бил прогласен од УНЕСКО за светско културно наследство.[2] Градот претставува една од најпосетуваните туристички одредишта во земјата, со преку 163.000 меѓународни посетители во 2008.[3]