Скроб
From Wikipedia, the free encyclopedia
Скроб или нишесте — (C6H10O5)n — растителен полисахарид. Претставува основен резервен шеќер кај растенијата, односно депо на гликоза и нејзин полимер. Постојат два основни видови скроб, кои во скробните зрна се заедно:
- Амилоза, која се состои од линеарни и неразгранети ланци од неколку илјади гликозни единици. Овие единици се поврзани со гликозидна врска помеѓу нивните први и четврти јаглеродни атоми.
- Амилопектин, кој се разликува од амилозата по тоа што има многу разгранета структура. На приближно секоја тринаесетта гликозна единица во ланецот е прикачен краток страничен ланец преку гликозидна врска на 6 С-атом (јаглеродот над прстенот). Вкупниот број на гликозни единици во една молекула на амилопектин изнесува неколку илјади.
Назнаки | |
---|---|
9005-25-8 Ок | |
RTECS-бр. | GM5090000 |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Изглед | бел прашок |
Густина | 1,5 g/cm3 |
Точка на топење | |
нерастворлив | |
Дополнителни податоци | |
Ок(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
Скробот е нерастворлив во вода. Растенијата го претвораат вишокот од гликоза во скроб. Пред скробот да влезе (или да ги напушти) клетките, тој мора да биде дигериран. Хидролизата на скробот се одвива со помош на ензимите амилази. Во присуство на амилаза (како што е панкреасната амилаза), водните молекули навлегуваат во 1 -> 4 врските, цепејќи го ланецот и произведувајќи мешавина од гликоза и малтоза (претходно се добиваат меѓупроизводи декстрини). Друг тип на амилаза е потребна за да се раскинат 1 -> 6 врските на амилопектинот.