Список на светско наследство во Северна и Централна Азија
From Wikipedia, the free encyclopedia
УНЕСКО стави под заштита 19 наоѓалишта на светско наследство во 6 држави од Централна и Северна Азија: Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан и азискиот дел на Русија.[1] Европскиот дел на Русија е вклучен во Источна Европа.[2]
Најмногу наоѓалишта (7) има во Русија од кои еден дели со Монголија во Источна Азија.[3] Прво заштитено наоѓалиште во овој регион е Ичан Кала во Узбекистан, запишан како дел од светското наледство во 1990.[4] Секоја годин, Комитетот за светско наследство при УНЕСКО може да впишува нови наоѓалишта на списокот или да ги избрише оние кои повеќе не ги исполнуваат критериумите. Изборот се заснова на десет критериуми: 6 за културно наследство (i–vi) и 4 за природно наследство (vii–x).[5] Некои наоѓалишта се од „мешан“ тип и претставуваат како културно така и природно наследство. Во Северна и Средна Азија има 11 културни, 8 природни наоѓалишта. Нема наоѓалишта од мешан тип. Сите руски наоѓалишта (7) се природно наследство со исклучок на Сајарка, додека сите наоѓалишта во Средна Азија се културно наследство.[3]
Комитетот за светско наследство исто така може да назначи дека некое наоѓалиште е загрозен, повикувајќи се на „условите кои се закана за одликите поради кои тој наоѓалиште бил впишан во списокот на светското наследство“. Ниедно од туканаведените наоѓалишта никогаш не било категоризирано како загрозено, но во поголем број случаи од страна на УНЕСКО била укажана можната опасност.[6]