Средна земја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Средна земја е фиктивен свет во поголемиот дел од книгите на авторот Џ. Р. Р. Толкин. Хобитот и Господарот на прстените целосно се случува во Средната земја, како и Силмарилион и Незавршени приказни. Толкин подготвил неколку мапи од Средна земја и од нејзините региони каде што се случуваат приказните. Некои биле објавени додека бил жив, иако некои од најраните мапи не биле објавени со до неговата смрт. Главните мапи биле објавени во Хобитот, Господарот на прстените, Силмарилион и Незавршени приказни. Најголемиот дел од настаните од Првото доба се случуваат во потконтинетот Белеријанд, кој подоцна бил проголтан од океанот на крајот од Првото доба; Сините планини на десниот крај од мапата на Белеријанд се истите Сини планини што се појавуваат на крајното лево на мапата од Средната земја во Второто и Третото доба. Мапата на Толкин за Средната земја, сепак, покажува само мал дел од светот; повеќето од земјите Рун и Харад не се покажани на мапата, а има и други континенти. Толкин многупати напишал дека Средната земја е сместена на нашата Земја. Ја опишал како имагинарен период од минатото на Земјата, не само во Господарот на прстените, туку и во неколку писма. Крајот на Третото доба го ставил 6 000 години пред неговото време, а Шајрот е всушност северозападна Европа (Хобитон, на пример, е на истата латитуда со Оксфорд), иако во писмата опишува и елементи од приказните како „... секундарна или супкреациона реалност“ или „секундарно верување“. За време на интервју во јануари 1971, кога го прашале дали приказните се случуваат во различна ера, рекол, „Не... во различна фаза од имагинација, да“. Сепак, потврдил дека приказните се од Земја; кога зборувал за Мидгард и за Средната земја, рекол: „О, да, тоа е истиот збор. Повеќето грешат кога мислат дека Средна земја е посебен вид земја или е друга планета како во научна фантастика, но, всушност е само сатромоден збор за овој свет во кој живееме, опкружен од океанот“.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |