Средноевропска Низина
природен регион во Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Средноевропска Низина (наречена и Северноевропска Низина) — геоморфолошки регион во Европа, и тоа претежно во Полска, Данска, Германија, Белгија, и Холандија (Ниските Земји), со мали делови во северна Франција и Чешка.
Сочинет е од ниските рамници помеѓу подрачјата со херцинска орогенеза на југ и брегот на Северното и Балтичкото Море на север, одвоени од полуостровот Јитланд во Данска. Оваа низина е поврзана со Источноевропската Низина, заедно образувајќи ја големата Европска Низина.