Стар музикант
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стар музикант - слика масло на платно од францускиот сликар Едуар Мане од 1862 година, создадена во периодот кога уметникот бил под влијание на шпанската уметност. Сликата го издава и влијанието на Гистав Курбе. Ова дело е едно од најголемите слики на Мане и сега е зачувано во Националната уметничка галерија во Вашингтон.[1]
Творец | Едуар Мане |
---|---|
Година | 1862 |
Димензии | 187.4 см × 248.3 см |
Место | Национална уметничка галерија, Вашингтон |
Сликата е составена од седум ликови во пејзаж. Стариот музикант во средината кој се подготвува да свири виолина е Жан Лагрен, водачот на еден локален цигански бенд.[2] Лево е една млада девојка која стои со бебе во рацете, како и две млади момчиња. Во позадина, човекот во горната капа е собирач на партали и железарот Коларде.[2] Десно, ориенталниот човек (делумно прикажан) со турбан и долга наметка, го претставува Герул, „залутаниот Евреин“. Ставовите и облеката на ликовите се чини дека се вдаховени од Диего Веласкес или Луј Ле На.[3][4]
Сликата содржи низа алузии: човекот со горната капа е истиот лик како Пијач на апсинт, насликан од Мане неколку години порано и кој повторно се појавува на оваа слика без некоја посебна причина. Младото момче со сламена шапка, пак, е експлицитно вдахнат од „Пјеро“ на Антоан Вато.[5]