Стивен Хокинг
англиски теориски физичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Стивен Вилијам Хокинг (англиски: Stephen William Hawking; 8 јануари 1942 [1] - 14 март 2018 ) — англиски теориски физичар и космолог чии научни книги и јавни појавувања го направија академски позната личност. Бил почесен пријател на кралското друштво на уметности,[2] доживотен член на папската академија на науките[3] и во 2009 е награден со претседателски медал на слободата, највисоката цивилна награда во САД.[4]
Стивен Хокинг | |
---|---|
Роден(а) | Стивен Вилијам Хокинг 8 јануари 1942(1942-01-08) Оксфорд, Англија |
Починал(а) | март 14, 2018(2018-03-14) (возр. 76) |
Живеалиште | Англија |
Државјанство | англиско |
Националност | Англичанец |
Полиња | Применета математика Теориска физика Космологија |
Установи | Универзитет во Кембриџ Калифорниски институт за технологија Периметер, институт за теориска физика |
Образование | Универзитет во Оксфорд Кембрички универзитет |
Докторски ментор | Денис Шама |
Други ментори | Роберт Берман |
Докторанди | Брус Алан Рафаел Бусо Феи Докер Малком Пери Бернард Кер Гери Гибонс Харви Рил Дон Пејџ Тим Престиж Реимонд Лафлем Џулијан Лутрел |
Познат по | црни дупки Теориска космологија Квантна гравитација Хокингово зрачење |
Влијание од | Дикрен Тата |
Поважни награди | Wolf Prize (1988) Prince of Asturias Award (1989) Copley Medal (2006) Presidential Medal of Freedom (2009) |
Сопружник | Џејн Хокинг |
Хокинг 30 години бил професор на математичката катедра во Кембричкиот универзитет, преземајќи ја таа функција во 1979 и повлекувајќи се на 1 октомври 2009.[5][6] Во поново време директорувал со истражувачкиот центар за теориска космологија во одделот за применета математика и теориска физика на Кембричкиот универзитет. Тој е познат по своите придонеси во полето на космологијата и квантната гравитација, особено во контекст на црните дупки. Исто така, тој се здобил со успеси за неговата работа во полето на популарната наука во која тој генерално дискутира за неговите теории и космологијата.[7][8]
Во клучните научни трудови на Хокинг се вклучени обезбедувањето, со Роџер Пенрос, теореми во врска со гравитациските сингуларности во рамките на општата релативност и теориското предвидување дека црните дупки емитуваат зрачење, што денес е познато како Хокингово зрачење.[9]
Хокинг има лателарна амиотропска склероза што е поврзано со амиотрофична латерална склероза, состојба која се развила со текот на годините и го направила скоро целосно парализиран.