Стратиграфија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стратиграфија ― гранка од геологијата која се занимава со проучување на слоевите на карпите и утврдување на нивната релативна геолошка старост. Првенствено се користи за проучување на седиментни и слоевити вулкански карпи. Стратиграфијата се дели на три меѓусебно поврзани подгранки: литостратиграфија (литолошка стратиграфија), биостратиграфија (биолошка стратиграфија) и хроностратиграфија (стратиграфија според возраста).