Стреличарство на Летните олимписки игри 2004
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стреличарство на Летните олимписки игри 2004 година — дисциплина која се одржала на стадионот „Панатинаико“ во Атина, Грција во периодот од 12 до 21 август. Сто дваесет и осум стрелци од четириесет и три нации се натпреварувале во четирите категории - индивидуални и екипни настапи за мажи и жени[1].
Стреличарство на Летните олимписки игри 2004 | |
Одржувалиште | Стадион „Панатинаико“ |
---|---|
Денови | 15–21 август |
Натпреварувачи | 128 од 43 земји |
«2000 | 2008» |
Стреличарство на Летните олимписки игри 2016 | ||||
---|---|---|---|---|
Список на стреличари | ||||
Поединечно | мажи | жени | ||
Екипно | мажи | жени |
Стадионот, често наречен Калимармаро, е значаен како место на првите Олимписки игри. По налог на Џејмс Истон, претседател на Меѓународната федерација за стреличарство, настаните се одржале на историскиот стадион, со надеж дека неговата историја и природна убавина ќе ја привлечат јавноста кон овој спорт[2]. Лоренс Годфри, четвртопласираниот во индивидуална конкуренција за мажи, забележал дека стадионот инспирира гордост, додека Американецот Вик Вундерле зборувал за повеќето од стрелците велејќи: „Голема чест и привилегија е да може да се натпреварува во Олимпискиот стадион од 1896 година.[3]“
Корејскиот тим освоил три од четирите златни медали. Четири олимписки рекорди и уште неколку светски рекорди биле срушени на овие игри, и покрај лошите временски услови за време на прелиминарните натпреварувачки рунди.