Сува клима
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сува клима или аридна клима — имаат регионите со сериозен недостаток на достапна вода, до степен што се попречува или спречува растот и развојот на растителниот и животинскиот свет. Регионите со сува клима претежно немаат вегетација и се нарекуваат ксерични или пустински. Повеќето вакви клими се протегаат по екваторот; овие региони вклучуваат делови од Африка, Азија, Јужна Америка, Северна Америка и Австралија.