Тамим бин Хамад ел Тани
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шеикот Тамим бин Хамад ел Тани (арап. تميم بن حمد بن خليفة آل ثاني ; роден на 3 јуни 1980 година) е емир на Катар. Тој е четврт син на претходниот емир, Хамад бин Калифа. Владее со Катар од 2013 година откако неговиот татко абдицирал од тронот. Тамим станал престолонаследник во 2003 година кога неговиот постар брат шеикот Џасим се откажал од своето барање за тронот.
Кратки факти Тамим бин Хамад ел Тани, Емир на Катар ...
Тамим бин Хамад ел Тани | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Шеикот Тамим во 2020 г. | |||||||||
Емир на Катар | |||||||||
На престол | 25 јуни 2013 – денес | ||||||||
Претходник | Хамад бин Калифа ел Тани | ||||||||
Заменик емир | Абдулах бин Хамад ел Тани | ||||||||
Премиер | Абдула бин Насер Калид бин Калифа бин Абдул Азиз | ||||||||
Роден(а) | 3 јуни 1980(1980-06-03) (43 г.) Доха, Катар | ||||||||
| |||||||||
Династија | Тани | ||||||||
Татко | Хамад бин Калифа ел Тани | ||||||||
Мајка | Моза бинт Насер ел Миснед | ||||||||
|
Затвори
Тој е монарх на Катар, кој е апсолутна монархија.[1][2] Граѓаните на Катар имаат ограничени политички и граѓански права,[1] но преземени се чекори за воведување поголеми слободи.[3] Тој се залага за подигање на меѓународниот имиџ на Катар преку организација на спортски настани, а во негова сопственост е и ФК Париз Сен Жермен.