Тар (пустина)
голема пустинска област во северозападниот дел на Индискиот потконтинент / From Wikipedia, the free encyclopedia
Тар или Голема Индиска Пустина — широко сушно подрачје во северозападниот дел на Индискиот Потконтинент кој зафаќа површина од 200.000 км2 и образува природна граница меѓу Индија и Пакистан.
Кратки факти Земји, States in India ...
Пустина Тар | |
Голема Индиска Пустина | |
Пустина | |
Прекар: Лавана сагра (солено место), Тар, Тарли | |
Земји | Индија, Пакистан |
---|---|
States in India |
Раџастан, Пенџаб, Гуџарат, Харајана |
Држави во Пакистан |
Синд, Пенџаб |
Биом | Пустина |
Растение | Thorn scrub forest |
Животно | Чинкара |
Затвори
Околу 75% од пустината Тар се наоѓа во Индија, а останатите 25% се во Пакистан.[1] Во Индија, пустината се протега на околу 150.000 км2, додека остатокот (50.000 км2 е во Пакистан. Пустината Тар опфаќа приближно околу 5%(~4,56%) од целокупното географско подрачје на Индија. Повеќе од 60% од пустината се наоѓа во државата Раџастан, и се протега во Гуџарат, Пенџаб и Харајана.[2] Пустината е составена од еден многу сув дел, регионот Марустали на запад, и друг полупустински регион на исток, со помалку песочни дини и малку повеќе врнежи.[3]