Тенис на Летните олимписки игри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тенисот бил на програмата на Летните олимписки игри од првите игри во 1896, но бил исфрлен од програмата по игрите во 1924 поради спор меѓу Меѓународната тениска федерација и Меѓународниот олимписки комитет во врска со аматерскиот статус на натпреварувачите.[1][2] Тенисот се вратил на програмата како показен спорт во 1968 и 1984,[3] а од игрите во 1988 станал редовен спорт и се играл на сите следни изданија на игрите.[4]
Тенис на Летните олимписки игри | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Раководен орган | ITF | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | 5 (мажи: 2; жени: 2; мешано: 1) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Игри | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Освојувачи на медали |
Во 1896, 1900, 1904, 1988, and 1992, губитниците во полуфиналните двобои добивале бронзен медал. Во сите други изданија бил одржан натпревар за бронзен медал.
Почнувајќи од игрите во 2004, резултатите од игрите се сметаат на АТП и ВТА листите во поединечно за календарската година. И покрај тоа што бодовите кои се добиваат се пониски од бодовите кои се добиваат на Гренд слем турнирите, олимписките турнири добиле на важност од нивното повторното воведување, и многу играчи, критичари и спортски експерти сметаат дека освојувањето на златниот медал на Олимписките игри е исто толку престижно, или попрестижно од освојување на Гренд слем титула.[5][6] За играчите кои имаат освоено Олимписки златен медал и сите четири Гренд слем титули се вели дека имаат освоено Златен слем.