Тенис на Летните олимписки игри 2012 - жени поединечно
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тенискиот турнир во женска поединечна конкуренција на Летните олимписки игри 2012 во Лондон се одржал во Ол Ингланд клубот во Вимблдон од 28 јули до 4 август 2012 година, и бил првиот олимписки турнир кој се одиграл на трева, откако тенисот повторно бил воведен на игрите од 1988 година.[1] Ждребот бил составен од 64 тенисерки од 33 држави.[2]
Матична статија: Тенис на Летните олимписки игри 2012.
Тенис - Жени поединечно на Летните олимписки игри 2012 | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Медалистките во женска поединечна конкуренција | |||||||||||||
Место | Ол Ингланд клуб, Вимблдон | ||||||||||||
Денови | 28 јули до 4 август | ||||||||||||
Натпреварувачи | 64 од 33 земји | ||||||||||||
Медалисти | |||||||||||||
| |||||||||||||
Елена Дементиева била актуелен шампион и бранител на златниот медал освоен на игрите во 2008 во Пекинг.[3] Сепак, таа се повлекла од активното играње на овој спорт во 2010 година и со тоа не била во можност да ја брани титулата на овој турнир. Првото коло донело неколку изненадувачки резултати, така што Ли На и Саманта Стосур биле елиминирани во три сета. Најголемото изненадување го направила Јулија Гергес совладувајќи ја финалистката на Вимблдон Агњешка Радванска во три тесни сета.
Во финалето на турнирот се сретнале Серена Вилијамс и Марија Шарапова, и двете тенисерки се бореле за кариерен златен слем. Вилијамс го освоила златниот медал (без да загуби сет, без да загуби повеќе од три гема во кој било сет и без да загуби повеќе од пет гема на ниту еден меч) и станала втората тенисерка што освоила кариерен златен слем по Штефи Граф. Вилијамс, исто така, станала првиот играч во овој спорт, маж или жена, која освоила кариерен златен слем и во поединечна и во конкуренција на двојки. Сребрениот медал го освоила Марија Шарапова, а бронзениот медал го освоила Викторија Азаренка, која ја победила Марија Кириленко во натпреварот за тоа одличје со 6–3, 6–4. Интересно е тоа што Кириленко следниот ден успеала да освои бронзен медал, но во двојки.