Торбести габи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Торбестите габи или Ascomycota се монофилетски габи кои сочинуваат околу 75% од сите опишани габи. Во оваа група се вклучени повеќето од габите кои се комбинираат со алгите за да формираат лишаи, како и оние кај кои нема морфолошки докази за полово размножување. Меѓу аскомицетите се вбројуваат некои од најпознатите габи: Saccharomyces cerevisiae, комерцијалниот квасец и основата на пекарската и пивската индустрија, како и основата на развојната молекуларна биологија, потоа Penicillium chrysogenum, произведувачот на пеницилин, Morchella esculentum, јадливата морела и Neurospora crassa, организмот "еден-ген-еден-ензим". Постојат и некои отровни торбести габи, како Aspergillus flavus, произведувачот на афлатоксин, кој е истовремено и токсин и еден од најпознатите карциногени соединенија, Candida albicans, причинител на кандидоза, пеленски сипаници и вагинитис, како и Cryphonectria parasitica, одговорна за уништувањето на 4 милијарди кестенасти дрвја во источен САД. Бесполовите торбести габи, како Penicillium или Candida, биле класифицирани одделно во Deuteromycota бидејќи половите одлики биле важни при класификацијата на торбестите габи. Меѓутоа, споредбата на секвенцата на нуклеинските киселини, како и бесполовите фенотипски одлики, дозволиле интеграција на асексуалните габи во Ascomycota. Deuteromycota не е повеќе признаена за формален таксон во систематиката на габите.
Торбести габи | |
---|---|
Morchella conica | |
Научна класификација | |
Царство: | Габи |
Оддел: | Ascomycota |
Поттипови/Класи | |
|