Тракија (автопат)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тракија (бугарски: Автомагистрала „Тракия“) е автопат во Бугарија, кој го поврзува главниот град Софија, преку Пловдив, со приморскиот град Бургас. Автопатот е дел од европскиот транспортен коридор 4. Тој го носи името на областа Тракија низ кој минува трасата на автопатот.
Планираната должина на автопатот „Тракија“ e 360 километри, од кои на крајот на август 2012 година 326 километри се во експлоатација и 34 километри од нив се во градежништво. Трасата, што е во експлоатација е во два дела — првиот е од Софија до Стара Загора и вториот — од Бургас до Карнобат.