Трет феминистички бран
From Wikipedia, the free encyclopedia
Трет феминистички бран е поим кој го утврдуваат неколку поинакви напори на феминистичката активност и движење, чиишто одредени граници се предмет на расправа во историографијата на феминизмот. Забележливо се истакнале во почетокот на деведесеттите, и сè уште постојат. Ова движење делумно произлегло како реакција на согледаните неуспеси од иницијативите и дејностите кои ги преземал вториот феминистички бран и реакција против истите, како и признавање на правата на жените од сите раси, етнички групи, националности и културното потекло, во текот на шеесеттите, седумдесеттите, и осумдесеттите години. Ребека Вокер, во тоа време, 23 годишна бисексуалка со афроамериканско потекло родена во Џексон, Мисисипи, во својот есеј во 1992 г. го образложила поимот „трет феминистички бран“. Од историска гледна точка, Вокер се смета за жив симбол заради неуспехот на вториот феминистички бран да ги обедини многуте млади жени, лезбејки, како и оние жени кои не припаѓаат на белата раса.[2]