Тубтен Ѓацо
XIII далај-лама / From Wikipedia, the free encyclopedia
Тубтен Ѓацо (тибетски: ཐུབ་བསྟན་རྒྱ་མཚོ་, Вајли: Thub Bstan Rgya Mtsho; 12 февруари 1876-17 декември 1933) — тринаесеттиот далај-лама.
Тубтен Ѓацо | |
---|---|
XIII далај-лама | |
Претходник | Тринли Ѓацо |
Наследник | Тенцин Ѓацо |
Почивалиште | Потала |
Династија | Далај-лама |
Во 1878, тој бил препознаен како реинкарнација на далај-ламата. Тој бил однесен во Ласа и таму ги прифатил обичаите од осмиот панчен-лама,Тенпај Вангчук и го добил името „Нгаванг Лобзанг Туптен Ѓацо Џигдрал Чокли Намѓал“. Во 1879 година, бил поставен на пестолот во Потала, но политичка моќ добил во 1895 година.
Тубтен Ѓацо бил интелигентен реформатор којшто на Тибет му обезбедил место на значаен пешак во Големата игра помеѓу Руската Империја,Кина и Британската Империја.Тој бил одговорен за протерувањето на Британците од Тибет,а и за воведувањето на нови правни институции за да се оневозможи преземањето на власта од страна на монасите.
Денешниот,четиринаесетти далај-лама, Тенцин Ѓацо вели „Очигледно,тринаесеттиот далај-лама имал остра желба за воспоставување односи со Русија,и исто така мислам дека спрема Англија,отпрвин бил скептичен.Тогаш таму бил Доржиев.Спрема англичаните тој бил шпион,но сепак вистински,тој бил добар учител и искрен будистички монах којшто имал голема верност со тринаесеттиот далај-лама.“