Устав на Белорусија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Уставот на Република Белорусија (белоруски: Канстытуцыя Рэспублікі Беларусь; руски: Конституция Республики Беларусь) — највисок правен закон на Белорусија.[1] Уставот е составен од преамбула и девет дела поделени во 146 членови.
Уставот бил увоен во 1994 година, три години откако земјата ја прогласила својата независност од Советскиот Сојуз, овој формален документ ја утврдува рамката на белоруската држава и влада и ги набројува правата и слободите на нејзините граѓани. Сепак, Обединетите нации и различни набљудувачи го оспоруваат тоа дека се почитува владеењето на правото или дека судството е независно во Белорусија, нагласувајќи ја консолидацијата на власта од страна на актуелниот претседател.[2][3]
Уставот бил изготвен од Врховниот совет на Белорусија, поранешното законодавно тело на земјата и е под големо влијание на западните устави. Уставот бил изменет трипати под контроверзни околности од првичното усвојување, во 1996 година, во 2004 и во 2022 година. Двата референдуми кои биле оспорени од независни набљудувачи и лидери на владината опозиција ја зголемиле моќта на претседателството над владата и ги елиминирале ограничувањата на мандатот за претседателство.