Фиренска катедрала
катедрала во Фиренца, Италија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Фиренска катедрала наречена „Богородица Цветна“ (италијански: Cattedrale di Santa Maria del Fiore или Duomo di Firenze) — катедралата во градот Фиренца, Италија. Започната е со изградба во 1296 година во готски стил дизајнирана од архитектот Арнолфо ди Камбио. Катедралата структурно била завршена во 1436 година, заедно со куполата која била дизајнирана од страна на Филипо Брунелески.[1] Надворешноста на базиликата била обложена со полихромни мермерни панели, во различни нијанси, пред сѐ од зелена и розова боја, ограничени и врамени со бела боја. Во 19 век врз катедралата била изведена доградба со готска преродба од страна на архитектот Емилио Де Фабрис.
Катедрала во Фиренца | |
---|---|
Катедрала Санта Марија Дел Фјоре | |
| |
Куполата на Брунелески, камбанаријата на Џото на катедралата Санта Марија дел Фјоре гледани од ридот Микеланџело | |
Место | Фиренца, Тоскана |
Земја | Италија |
Вероисповед | Католичка црква |
Традиција | Римокатоличка црква |
Мреж. место | Duomo Firenze |
Историја | |
Осветена | 1436 |
Архитектура | |
Статус | Катедрала, мала базилика |
Архитект(и) |
|
Архит. тип | Црква |
Стил | Готски стил, Романтизам, Ренесанса |
Удрен темел | 9 Септември 1296 |
Завршена | 1436 |
Физички особености | |
Должина | 153 м (502 ст) |
Ширина | 90 м (300 ст) |
Ширина на коработ | 38 м (125 ст) |
Висина на коработ | 114.5 м (376 ст) |
Површина | 8,300 m2 (89,000 sq ft) |
Материјали | мермер, цигла |
Управа | |
Архиепископија | Архиепископија на Фиренца |
Свештенство | |
Архиепископ | Џузепе Ветори |
Катедралниот комплекс, на Пјаца дел Дуомо, ги вклучува Крстилницата и Камбанаријата на Џото. Овие три згради се дел од светското наследство на УНЕСКО кое го покрива историскиот центар на Фиренца и се главна туристичка атракција на провинцијата (покраина) Тоскана. Базиликата претставува една од најголемите цркви во Италија, а до развојот на новите структурни градежни материјали на модерното време, куполата на базиликата била најголема во светот. Куполата на Пјаца дел Дуомо, останува сѐ уште најголема во светот која била изградена од тули.
Катедралата претставува мајка црква на надбискупијата во Фиренца, чиј архиепископ моментално е отецот Џузепе Бетори.