Фолклор
заеднички поим за легенди, музика, усна историја, поговорки, шеги, верувања, обичаи и слично на еден народ / From Wikipedia, the free encyclopedia
Во фолклор спаѓаат приказните, музиката, танцот, легендите, раскажаната историја, хуморот, популарните верувања, обичаите, и сè она што го опфаќаат културата, подкултурата и традицијата на одреден народ. Исто така, тоа претставува склоп на обичаи преку кои овие изразни жанри се споделуваат. Академските и етнографските студии на фолклорот се нарекуваат и фолклористика.