Француска кујна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Француската кујна (француски: Cuisine française) —подготвување на храната на француски начин којшто се развивал под влијание на општествените и политички промени. Во средниот век Гијом Тирел, судски готвач, ја издал Ла Вијандер, една од најраните збирки на рецепти во средновековна Франција. Ла Варен и главниот готвач на Наполеон и некои други високи функционери, Мари-Антоан Карем, започнале со намалена употреба на зачини и полиберална употреба на билки и крем состојки, со што ги означиле почетоците на модерната кујна. Сирењето и виното го заземаат големиот дел од кујната, но имаат различни улоги како на регионално така и на државно ниво, со многу варијации и регулирани со закони.
Француската кујна е кодифицирана во XX век од страна на Огист Ескофје да стане модерна верзија на високата кујна. Како и да е Ескофје дозволи голем дел од кулинарските карактери да бидат изоставени од регионите во Франција. Во почетокот на 20 век, гастротуризмот и водичот Мишел им помогнаа на луѓето да се запознаат со богатата буржуарска и селска кујна од француската околина. Гасконската кујна имаше големо влијание на кујната во југозападниот дел на Франција. Многу јадења кои биле регионални со варијации се размножиле низ целата земја.
Познавањето на Француската кујна донело значаен придонес во западните кујни и неговите критериуми нашироко биле искористени во западните готвачки училишни одбори и кулинарското образование.
Во ноември 2010 година, француската гастрономија била додадена од страна на УНЕСКО во списокот на светско “ духовно културно наследство“ заедно со традиционалната Мексиканска и Средоземна кујна.