Хелголандски дијалект
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хелголандски дијалект или халундски (Halunder) — дијалект на севернофризискиот јазик говорен на германскиот остров Хелголанд во Северното Море.[3] Денес дијалектот се говори од одвај 150 лица од вкупно 1.650 жители на островот и се предава во училиштата.[1] Хелголандски е блиску поврзан со островските севернофризиски дијалекти фериншки и емраншки поради средновековното рибарство околу Хелголанд кое привлекувало Фризи од островите Фер и Амрум. Всушност, фериншки и емраншки се поблиску во јазична смисла до дијалектот на Хелголанд отколку на соседниот остров Зилт, зелриншки.[4]
Хелголандски севернофризиски | |
---|---|
Halunder | |
Застапен во | Германија |
Подрачје | Хелголанд |
Говорници | околу 150 (2009)[1] |
Јазично семејство | индоевропско
|
Статус | |
Службен во | Хелголанд |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | – |
Linguasphere | 52-ABB-dbe[2] |
Севернофризиски дијалекти |
Џејмс Крис е најпознатиот писател на поеми и раскази на хелголандски, додека Марија Лајтгебер (1906–1979) ја напишала најзначајната проза.[5]
На 24 декември 2004 година во сила стапил закон во германската покраина Шлезвиг-Холштајн, со кој се признал севернофризискиот јазик за официјална употреба во округот Северна Фризија и на Хелголанд.[6]