Хелене Фишер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хелене Фишер (родена на 5 август 1984 година)[1] е германска пејачка, телевизиски презентер и глумица. Од нејзиното деби, првото појавување во јавноста, во 2005 година има освоено бројни награди, меѓу кои седумнаесет Ехо награди, четири награди „Круни на народната музика“ и три награди „Бамби“. Според рекордните сертификати таа продала најмалку 15 милиони записи.[2] Во јуни 2014 година, нејзиниот албум од 2013 година Фарбеншпил станал и официјално најпревземан албум на еден германски уметник на сите времиња.[3]