Хилсов Облак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хилсов Облак (наречен и како внатрешен Ортов Облак или Внатрешен Облак [1]) — огромен претпоставен околуѕвезден диск, кој се наоѓа во Ортовиот Облак, чија што надворешна граница би се наоѓала на околу 20.000 до 30.000 астрономски единици (AЕ) од Сонцето, а внатрешната граница, не е добро дефинирана, и хипотетички се наоѓа на 250-1500 АЕ, многу подалеку од орбитите на телата и планетите во Кајперовиот Појас - но ова растојаниe може да биде и многу поголемо. Ако постои, Хилсовиот Облак може да содржи приближно 5 пати повеќе комети од Ортовиот Облак.[2]