Христијанството во Косово
From Wikipedia, the free encyclopedia
Христијанството во Косово има долготрајна традиција која датира уште од Римската империја. Целиот балкански регион бил христијанизиран од Римската, Византиската, Првата бугарска империја, Српското кралство, Втората бугарска империја и српската империја до 13 век. По битката за Косово во 1389 година до 1912 година, Косово било дел од Муслиманската Отоманска Империја, и дошло до големо ниво на исламизација. Во периодот по Втората светска војна, Косово било управувано од секуларните социјалистички власти во Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ). За време на тој период, Косоварите се повеќе се секуларизирале. Денес, 81,87% од населението на Косово е од муслиманско семејно потекло, од кои повеќето се етнички Албанци,[1] но, исто така, вклучуваат словенски говорници (кои главно се идентификуваат како Горани или Бошњаци) и Турци.