Чекајќи го Годо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чекајќи го Годо — антидрама (театар на апсурдот)[1] од Семјуел Бекет во која два лика, Владимир (Диди) и Естрагон (Гого), се впуштаат во низа дејствија и низа дијалози додека го чекаат насловниот лик Годо, кој никогаш не пристигнува.[2] Чекајќи го Годо е Бекетов превод на неговата оригинална драма на француски јазик, En attendant Godot, и има поднаслов „трагикомедија во два чина“.[3]
Кратки факти Чекајќи го Годо, Род ...
Чекајќи го Годо | |
---|---|
Чекајќи го Годо, на Авињонскиот фестивал во 1978 | |
Род | Трагикомедија (драма) |
Затвори
Изворниот француски текст бил напишан од 9 октомври 1948 г. до 29 јануари 1949 г.,[4] и премиерно била изведена во Париз на 5 јануари 1953 г. Во анкета спроведена од Британскиот кралски национален театар во 1998/99 г., оваа драма била избрана за „најзначајна драма на англиски јазик во XX век“.[5] [6] [7]