Шпанска армада
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шпанската армада (шпански: Grande y Felicísima Armada — „Големата и најсреќната морнарица“; позната и како Непобедлива армада) ― шпанска флота чија цел била да го врати католицизмот во Англија, да ја прекине англиската поддршка за Холандската Република и да ги спречи нападите од англиски и холандски гусари против шпанските интереси во Америка. Армадата кон крајот на мај 1588 година, командувана од Алонсо де Гусман ел Буено (шп. Alonso de Guzmán El Bueno), 7-ми војвода од Медина Сидонија, (аристократ без претходно поморско искуство назначен од Филип II од Шпанија) од пристаништето во Лисабон се упатила кон Ла Манш и во Фландрија требало да се поврзе со војводата од Пармаи да ја придружуваат инвазивната војска која ќе ја нападне Англија и ќе ја собори Елизабета I.
Шпанска армада | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Англо-шпанска војна (1585–1604) и Осумдесетгодишна војна | |||||||
Шпанската армада и англиските бродови во август 1588 година, (непознат автор, 16 век) |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
|
|
На Шпанците отпор им пружила англиската флота со седиште во Плимут. Англиските бродови биле побрзи и пофлексибилни од шпанските галони, па ја нападнале Армадата додека пловела по Ла Манш. Неколку морнари го советувале војводата од Медина Сидонија да се закотви во Солент и да го окупира Островот Вајт, но тој одбил да отстапи упатствата да се поврзе со војводата од Парма. Иако Армадата речиси целосна стигнала до Кале, додека чекале воспоставување контакт со војводата од Парма, ноќта била нападната од англиски бродови и била принудена да се распрсне. Армадата претрпела дополнителна штета во битката кај Гравелајнс и била во опасност да се насука на холандскиот брег, но по промена на правецот на ветрот успеала да избега во Северно Море. Шпанските бродови, гонети од Англичаните, преку Шкотска и Ирска се вратиле дома. 24 нивни бродови биле уништени на патот кон дома.
Оваа експедиција била најголема операција во необјавената Англо-шпанска војна. Следната година, Англија организирала сличен голем поход против Шпанија, англиската армада, понекогаш наречена „контра-армада од 1589 година“, кој исто така бил неуспешен.