529
| Во Цариград бил издаден првиот нацрт на Јустинијановиот законик (Corpus iustis civilis) — кодификација на царските закони од II век до тогаш.
|
1348
| Во Прага е основан Карловиот универзитет, прв во Средна Европа.
|
1795
| Франција го усвоила метарот како основна мерка за должина.
|
1906
| Вулканот Везув го уништил градот Неапол во Италија.
|
1939
| Војската на Фашистичка Италија започнала инвазија врз Албанија.
|
1945
| Втора светска војна: Американските авиони го потопија најголемиот јапонски воен брод „Јамато“.
|
1948
| Во рамки на Обединетите Нации, основана е Светската здравствена организација.
|
1953
| Даг Хамаршелд, шведски дипломат, е избран за генерален секретар на Обединетите нации.
|
1963
| Усвоен е новиот устав на Југославија, со кој таа се преименувала во Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), а Јосип Броз Тито е прогласен за доживотен претседател.
|
2005
| Пакистан и Индија ја утврдиле граничната линија во областа Кашмир.
|
2012
| Џојс Банда станала првата жена-претседател на Малави.
|