Chicago (група)
американска рок-група / From Wikipedia, the free encyclopedia
Chicago ― американска рок-група основана во Chicago во 1967 година. Името на групата во 1968 година било Chicago Transit Authority (по градската агенција за масовен транзит),[1] а во 1969 година го скратила името. Иако се сметаат за „рокенрол група со рогови“ нивните песни честопати содржат и елементи на класична музика, џез, R&B и поп-музика.
Chicago | |
---|---|
Chicago во 2004 (од лево кон десно): Хауланд, Панков, Чамлин, Паразајдер, Имбоден, Лофнејн, Шеф и Лам (зад Шеф) | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како |
|
Потекло | Чикаго, Илиноис, САД |
Жанрови | |
Период на активност | 1967–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | Матична страница |
Во состав на групата биле: Питер Сетера на бас, Тери Кет на гитара, Роберт Лам на клавијатури, Ли Лофнејн на труба, Џејмс Панкоу на тромбон, Волтер Паразајдер на дрвени дувачки инструменти и Дени Серафин на тапани.
Во септември 2008 година, за успехот на топ-листите за синглови Hot 100, Billboard ја ставил групата Chicago на тринаесеттото место на нивниот список од 100 најдобри изведувачи на сите времиња, а во октомври 2015 година била рангирана на петнаесетото место на истиот список.[2] [3] [4] Во октомври 2015 година, Билборд, исто така ја рангирал групата Chicago на деветтото место на списокот од 100 најдобри изведувачи на сите времиња според нивниот севкупен пласман на топ-листата за албуми, Билборд 200 [5] Chicago е една од најдолговечните и најуспешните рок-групи и со продадени преку 100 милиони плочи, таа е една од групите со најмногу продадени музички записи на сите времиња.[6] [7] Во 1971 година, Chicago станал прв рок-изведувач кој една недела ја распродал Карнеги Хол. Chicago се смета и за пионер во маркетингот на рок-музиката, со препознатливо лого на кориците на албумите и именување на нивните албуми со користење на римски бројки.[8]
Според успехот на топ-листите, Chicago е една од најуспешните американски групи во историјата на RIAA и Billboard (само зад Beach Boys), и е една од најуспешните изведувачи на поп-музика на сите времиња.[6] До денес, Chicago продале над 40 милиони примероци во САД, и имаат 23 златни, 18 платинести и осум мултиплатинумски албуми.[9] [10] [11] Имале пет последователни албуми на прво место на Билборд 200,[12] 20 топ-десет синглови на Билборд Хот 100,[13] а во 1974 година групата имала седум албуми истовремено (сета нејзина дискографија во тоа време) на Билборд 200.[14] Групата десетпати била номинирана за Греми награда, а добила една за песната „If You Leave Me Now“.[15] Првиот албум на групата, Chicago Transit Authority, објавен во 1969 година, во 2014 година бил примен во Гремиевата куќа на славата.[16] Оригиналната постава на Chicago во 2016 година била примена во Куќата на славата на рокенролот.[17] Во 2017 година, Сетера, Лам и Панков биле примени во Куќата на славата на текстописците.[18] [19] Групата Chicago добила Греми награда за животно дело на 16 октомври 2020 година.[20] [21]